Победите над Ерменија и Исланд донесоа напредок на ФИФА листата. Скокот е од седум позиции, и сега Македонија е на 67-то место.
Најдобриот пласман во последно време го имавме во април и мај оваа година кога бевме 62. место, но потоа назадувавме, па во септември и октомври бевме на 74. позиција.
Од можните противници на Македонија за баражот, најдобро котира Италија која е шестта, Португалија е осма, Шведска е на 18. место, Велс е 19., Русија на 34. позиција, и најслаба е Шкотска на 38. место.