Евертон го скрши малерот и со гол во 99. минута го совлада Њукасл .Евертон успеа да ја прекине очајната форма во Премиерлигата, откако славеше со 1-0 во дербито против Њукасл и освои големи три бода кои му даваат надеж за опстанок во елитата.
Њукасл беше подобар противник на теренот и создаде повеќе шанси, но сепак Евертон излезе како победник благодарение на голот на Ивоби во 99. минута.
„Карамелите“ со 25 бодови се наоѓаат на 17. позиција на табелата и имаат три бодови повеќе од Вотфорд кој е во зоната за испаѓање.