Англискиот напаѓач Тами Абрахам повторно е спасител на Рома, откако погоди за реми против Витесе (1-1) и место во четвртфинале во Конференциската лига, каде што ќе игра и Феенорд кој го прегази Партизан со 3-1.
Витесе водеше со голот на Витек (1-0) од 62. минута и беше на добар пат да избори продолженија, меѓутоа Абрахам со гол во 91. минута ја израдува Рома и ја однесе во следното коло.
Феенорд не му дозволи на Партизан ниту да се надева на пласман во следна фаза бидејќи Десерс стрелаше за 1-0 во 45. минута, а потоа Нелсон зголеми на 2-0 во 59. минута.
Гостите од Србија преку Гомез намалија на 1-2, но тоа беше сè од нивна страна, по што домаќинот преку Линсен ја потврди убедливата победа од 3-1.
На останатите дуели ПАОК славеше против Генк и патува во следното коло, каде што ќе игра и ЛАСК, кој ја реши Славија Прага со 4-3.