Не му беше лесно на Ѓоковиќ со полскиот двометраш.
Новак Ѓоковиќ го загуби првиот сет од полуфиналето на Мастерсот во Париз од Хуберт Хуркач, по што брутално одговори во вториот сет добивајќи го без загубен гем.
И кога се чинеше дека ментално го скрши противникот повторно драма во третиот сет кој мораше да се реши во тај брејк.
Сепак трилерот заврши со победа на најдобриот тенисер на светот и се пласираше во утрешното финале.
Таму ќе го очекува подобриот од мечот Медведев – Зверев.