Брајтон и 23-ти натпревар во низа не успеа да ја сочува мрежата во Премиер лигата, но вечерва одигра одлично во фазата на напад и со сигурни 4-2 (2-0) го совлада составот на Тотенхем, во претпоследниот натпревар од 19. коло во Премиер лигата.

 

Фудбалерите на Брајтон фуриозно го започнаа натпреварот против фаворизираниот ривал Тотенхем. Брајтон делуваше моќно на теренот и со својот офанзивно препознатлив стил на игра правеше проблеми во противничката одбрана, па стигна водството по само единаесет минути игра. 18-годишниот Џек Хиншелвуд на додавање на Жоао Педро го впиша својот втор сезонски гол и на Брајтон му донесе заслужена предност од 1-0.

Но, налетите на „галебите“ не застанаа, шанси се редеа пред голот на Викарио, кој имаше многу работа меѓу стативите и забележа неколку успешни интервенции. Сепак, Италијанецот немаше одговор на одлично изведениот пенал на Жоао Педро и Тотенхем веќе влезе во сериозни проблеми (2-0).

Но, тука не беше крајот на маките за Тотенхем. Во 63. минута Еступинан лансира „проектил“ и погоди за убедливи 3-0 за Брајтон, по што беше сè јасно на „Амекс“. Неколку минути подоцна Жоао Педро одново беше прецизен од пенал, а откако Брајтон поведе со 4-0, Тотенхем почна да игра фудбал како што најдобро знае, но тоа беше доволно за само два гола и пристоен пораз од 4-2. Дејвис и замената Велиз ги постигнаа головите за екипата на Постекоглу.