Шведски Оре беше домаќин на велеслаломот за скијачки, а многу убедлива победа извојува Петра Влхова оставајќи ги далеку зад себе Марта Басино и Микаела Шифрин .
Фантастичното второ возење на Петра Влхова и обезбеди победа во велеслаломот во Оре, каде што напредуваше и во поредокот за велеслалом, и го намали заостатокот зад Микаела Шифрин во генералниот пласман.
Влхова беше во водство и по првото возење, но имаше мала предност од само три стотинки пред Марта Басино, додека третопласираната Сара Хектор заостануваше 29 стотинки.
Во второто возење, Хектор не успеа да стигне до целта додека Басино влезе во финишот како лидер во тоа време со 46 стотинки пред дотогаш водечката Шифрин.
Сепак, Влхова потоа се спушти на патеката и со одлично второ возење влезе во целта со огромна секунда и 24 стотинки предност пред Басино.
Најпријатното изненадување на денешната трка е Австријката Франциска Грич, која имаше најдобро време на второто возење и се пласираше од 25. на шестата позиција.
Велеслалом, Оре:
1. Петра Влхова (Словачка) 2: 32.59
2. Марта Басино (Италија) +1,24
3. Микаела Шифрин (САД) +1,70
4. Теса Ворли (Франција) +1,91
5. Рикарда Хасер (Австрија) +1,93
6. Франциска Грич (Австрија) +2,28
7. Корали Фрасе Сомбет (Франција) +2,38
8. Катарина Трупе (Австрија) +2,56
9. Мишел Гисин (Швајцарија) +2,65
10. Марина Гасиеница-Даниел (Полска) +2,70