Екипата на  шампионот Манчестер Сити победи кај Њукасл Јунајтед со гол во самиот финиш, но голот на Бернардо Силва е моментот на овој натпревар.

Португалскиот офанзивец на „граѓаните“ донесе предност во првото полувреме, кога погоди на магичен начин. По едно нафрлање од десната страна, Бернардо Силва реагираше врвно со пета и ја затресе мрежата на голманот Дубравка.

Дефинитивно, за овој гол на Бернардо Силва, долго ќе се зборува…