Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски се единствените двајца македонски фудбалери кои играле против Пеле.
Тие во дресот на Југославија, во 1968 година играле против селекцијата на Бразил на „Маракана“. Главен играч тогаш на бразилската репрезентација бил Пеле.
Спасовски на натпреварот постигнал гол и донел водство за Југославија.
Во емисија за „ТРТ Балкан“ тој се потсетува на незаборавниот момент.