Селекторот на германската репрезентација, најпријатното изненадување на Евробаскетот, не беше дарежлив како неговиот колега од Италија.
Италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко им даде платежна картичка на своите играчи откако во луд натпревар ја победија Србија во осминафиналето на Евробаскетот и не му беше грижа колку ќе потрошат за храна, пијалок и музика, но неговиот колега од клупата на Германскиот репрезентативец Гордон Херберт не го стори истото за пласманот во полуфиналето на турнирот.
Херберт по натпреварот беше прашан од новинарите дали ќе се напие чаша вино по триумфот во кариерата против Грција (107:96) како награда за добар резултат, на што воздивна и објасни дека сигурно нема да слави.
„Сè што знам е дека нема да им дадам кредитна картичка на моите играчи. Попрво ќе пијам ладно пиво наместо чаша вино. Денис Шредер ме праша за кредитна картичка, јас само му кажав дека сум разведен три пати, нема да ви се допадне лимитот на нејзе“, ги насмеа сите присутни одличниот селектор на Германија кој може да се „отвори“ ако Германија дојде до медал.
Германија за пласман во финалето на Евробаскетот ќе се бори против Шпанија, која е ослабена, но има големо искуство во заврпницата на натпреварувањето, додека на страната на „панцирите“ останува уште домашниот терен, кој исто така беше важен фактор против Грција .
Да потсетиме, единствениот златен медал за германската кошарка го донесе Светислав Пешиќ на Евробаскетот во 1993 година, а го имаат и европското сребро од Белград (2005) и светската бронза од Индијанаполис во 2002 година. Можеби дојде време оваа генерација да ги повтори успесите.
https://twitter.com/AStroggylakis/status/1569806239969984513?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1569806239969984513%7Ctwgr%5Ed25007dce022d72fbe04a2ac581bb8be4be062bb%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport.novi.ba%2Fclanak%2F300087%2Fi-nijemci-trazili-karticu-od-trenera-ali-culi-ne-selektor-nasmijao-sve-kada-je-objasnio-zasto-im-ne-da-novac-video