Фудбалерите на Барселона загубија од Баерн Минхен, а тој пораз ги израдува фудбалерите на Реал Мадрид.

Веднаш по натпреварот, Карим Бензема, Винисиус Јуниор и Марко Асенсио споделија фотографии на Инстаграм со јасен показател дека се потсмеваат на поразот од Барса.

Бензема закачи фотографија со трофејот во Лигата на шампионите, Асенсио момент од мечот со Баерн кога постигна гол за финале во Лигата на шампионите, а Винисиус како гласно се смее со соиграчите.

За точно еден месец, поточно на 16 октомври, Реал Мадрид ја пречекува Барселона, ќе биде интересно да се гледа новата пресметка.

Реал Мадрид мината сезона стана шампион на Шпанија и Европа , а го освои и Шпанскиот и Европскиот Суперкуп .

Во меѓувреме, Реал вечерва го продолжува походот за одбрана на трофејот во Лигата на шампионите и вечерва од 21:00 го чека Лајпциг на домашен терен .