Фудбалерите на Холандија извојуваа убедлива победа над Канада со 4-0 (0-0) во пријателски натпревар кој се играше во Ротердам и им приреди убава увертира на навивачите за Европското првенство.
Холанѓаните имаа повеќе од играта и беа многу подобар ривал, го здробија противникот а триумфот го обезбедија со четири гола во второто полувреме. Мемфис Депај донесе водство од 1-0 во 50. минута на асистенција на Фримпонг, а потоа стрелец беше и Џереми Фримпонг.
На 3-0 зголеми Вутер Вегхорст во 63. минута, а конечните 4-0 беа дело на стоперот Вирџил Ван Дајк, кој ја заокружи убедливата победа на седум минути пред истекот на регуларното време.
Холанѓаните ќе одиграат уште една контролна средба пред стартот на континенталниот собир, а противник ќе им биде Исланд на десетти јуни.