Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра спектакуларен натпревар против Бруклин.
Кошаркарите на Денвер го совладаа Бруклин на домашен терен со 124:104, а убедливо најдобар играч на натпреварот беше Јокиќ.
Србинот беше едноставно незапирлив на овој меч. Погодуваше од сите позиции, доминираше во скокот и одлично ги проигруваше соиграчите.
Нешто помалку од половина час игра му беа доволни на Сомборецот да го забележи 71-от трипл-дабл во кариерата, 14-ти оваа сезона. Натпреварот го заврши со 27 поени, 12 скока и 10 асистенции.
На Бруклин Нетс не им помогна ниту одличната партија на Кајри Ирвинг за да го избегнат осмиот последователен пораз сезонава. Ирвинг постигна 27 поени и 11 асистенции, но тоа не беше доволно против расположените Нагетс.
Денвер моментално е 6-ти на Западот со 29 победи и 24 порази, додека Бруклин е седми во Источната конференција со речиси 29/24.