Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум го претстави најновото засилување. Станува збор за нигерискиот интернационалец Хоган Укпа кој игра во средниот ред и доаѓа од тимот на Лиепаја.
Стружани играа против Лиепаја минатата година на европска сцена и тренерот Срѓан Захариевски го приметил неговиот потенцијал, па летово решија да го ангажираат.