Џуд Белингем, најскапото засилување на Реал Мадрид е вистински херој кој за четири кола во деби сезоната за „кралевите“ покажа дека е страшно засилување, зашто даде петти гол за нова победа и тоа во 95-та минута против Хетафе со 2-1.
Белингем шутираше по одбиена топка на голманот и со голот донесе нова победа, и докажа каков вистински потег направија „кралевите“ што дадоа 135 милиони евра (30 милиони во бонуси) за да го земат од Борусија Дортмунд, а Англичанецот на почеток на сезонава почна буквално да го исплаќа секој вложен цент во него.
На отворањето на „новиот Сантјаго Бернабеу“, Реал по 11 минути се најде во негатива откако Борха Мајорал погоди во мрежата на „кралевите“, а Хоселу на стартот на вториот дел израмни и кога мечот дојде пред последен судиски свиреж, побрз од него, беше Белингем за да погоди и да донесе триумф.
Голот на Белингам за победа може да го видите на следниот ЛИНК.
Кралевите на стартот од второто полувреме израмнија на 1:1 преку Хоселу. Голот на Хоселу може да го видите ТУКА.