Борусија Дортмунд славеше во голедата против Хофенхајм со 2-3 и повторно се доближи на само три бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен. Баварскиот клуб утре и гостува на Херта во Берлин.
Ерлинг Халанд го отвори резултатот во шестата минута, а израмни Андреј Крамариќ во последните мигови од првиот дел.
Марко Ројс донесе нова предност за „милионерите“ во 58.минута, а беше зголемена со автоголот на Раум осум минути подоцна. Хофенхајм намали преку Рутер во 77.минута, но бодовите отпатуваа за Дортмунд.
Фрајбург го совлада Штутгарт со 2-0, а Гројтер Фурт славеше против Мајнц со 2-1. Баер Леверкузен беше убедлив против Аугсбург и триумфираше со 5-1.