Еден од најголемите таленти во Аргентина ќе пристигне во Манчестер во јули годинава, бидејќи ќе остане на позајмица во својот клуб уште шест месеци. Голгетерот ќе потпише петгодишен договор со „граѓаните“.
Интерес за Алварез имаше и од многу други клубови ширум Европа како Манчестер јунајтед, Барселона, Арсенал, Милан и други.
Во дресот на Ривер Плејт досега има одиграно 96 натпревари во сите конкуренции и постигнато 36 голови со 25 асистенции. За сениорската репрезентација на Аргентина има запишано пет настапи и засега е без постигнат гол.