Фудбалскиот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп нема да го води тимот на претстојното дерби во Премиер лигата против Челзи поради коронавирусот.
Клоп е тестиран, а резултатот покажува сомнеж за коронавирус.
Германскиот тренер е во изолација и има благи симптоми, соопштија од Ливерпул.
Тимот ќе го предводи помошниот тренер Пеп Лендерс во недела од 17.30 часот на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи.
Ливерпул во петокот потврди дека тројца членови на тимот се позитивни на корона вирусот.
Ливерпул не побарал одложување на натпреварот против Челзи, а не се очекува тоа да го побараат, објави Скај.