Екипата на Aстон Вила приреди изненадување и го совлада германскиот Баерн Минхен во натпревар од ЛШ со 1-0.
Единствениот гол кој им донесе три бода Астон Вила го постигна во 79. минута преку Дуран, но подеднакво важна за победата на Астон Вила сигурно е и одбраната на аргентинскиот голман Емилиано Мартинез.
Одличниот Мартинез во 95. минута имаше една фантастична интервенција по ударот со глава на Хари Кејн. Арбитрите во првото полувреме поништија еден гол на домаќините поради недозволена позиција.