ПСЖ  со мислите беше кон Лигата на шампионите и дуелот со Баерн, а тоа умешно го искористи Монако кој дојде до победа од 3-1.

Поради повреди, Мбапе и Меси се знаеше дека нема да играат, но тренерот Галтие на клупата ги остави и Хакими, Кимпембе, Серхио Рамос… а Нејмар го одигра целиот меч.

Головин погоди за водство, а два гола за Монако даде Бен Једер. Единствениот погодок за ПСЖ беше дело на Заир-Емери. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.