Манчестер Јунајтед го уништи Евертон со победата од 4-0. Деби од соништата имаше новиот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим на „Олд Трафорд“ во Премиер – лигата. Португалскиот стратег претходно имаше натпревар на домашен терен против Бодо/Глимт но во Лига Европа, кој исто така го доби со 3-2.
Стрелци на головите беа Маркус Рашфорд и Џошуа Зиркзе постигнаа кој постигнаа по два гола, а Амад Дијало и Бруно Фернандеш остварија по две асистенции, а екипата на Манчестер Јунајтед одигра одличен натпревар.
Екипата на Челси исто така оствари убедлив и важен триумф од 3-0 против силниот Астон Вила на „Стемфорд бриџ“. Николас Џексон во седмата минута беше стрелец за водство, Енцо Фернандез зголеми на 2-0.
Најубавиот момент се случи во 84. минута, кога Кол Палмер со прекрасен гол ги постави конечните 3-0.
Тотенхем и Фулам ремизираа 1-1. Бренан Џонсон во 54.минута обезбеди предност за Тотенхем, а изедначи Том Керни, кој подоцна доби и црвен картон.