Португалија е финалниот ривал на македонската фудбалска репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Во вторник, во Порто, Португалците ќе ги пречекаат македонските фудбалери на „Драгао“.
Првата ѕвезда Кристијано Роналдо вели дека за нив многу потешко ќе биде да играат против Македонија, отколку да имаа дуел со Италијанците.
„Ништо не е готово. Имаме уште едно скалило до СП во Катар и верувајте дека тоа ќе биде најтешко да се искачи. Многумина сметаат дека Македонија за нас е полесната опција, но јас не мислам така. Според мене, да се игра против Македонија е многу потешко отколку да се игра против Италија. Тоа се две сосема различни репрезентации“, изјави Кристијано Роналдо.