Статусот на италијанскиот селектор Роберт Манчини е под знак прашалник по испаѓањето од Македонија, но по изјавите на претседателот на Федерацијата и играчите, Манчини и натаму е фаворит за останување на клупата според обложувалниците .
Иако пред нешто повеќе од осум месеци ја предводеше Италија до европската титула, Роберто Манчини е во опасност да ја загуби работата како селектор, откако не успеа да се квалификува за Светското првенство во Катар оваа година со „аѕурите“.
Италија во четвртокот во Палермо доживеа шокантен пораз од Македонија со 0-1 во полуфиналето од дополнителните квалификации, па вторпат по ред ќе го пропушти Светското првенство, по 2018 година во Русија.
Веднаш по поразот, кој го претрпе со голот на Трајковски во втората минута од судиското продолжение, Манчини изјави дека е рано да се зборува за неговата иднина, но раководството на италијанската федерација ќе мора брзо да реагира.
Сепак, според букмејкерите, Манчини и понатаму е фаворит за останување на италијанската клупа, шансите да ги предводи „аѕурите“ во квалификациите за ЕВРО 2024 каде треба да ја бранат титулата е 2.00.
Најголем конкурент на Манчини за преземање на италијанската клупа од обложувалниците е капитенот на репрезентацијата која стана светски првак Фабио Канаваро во 2006 година, шансите тој да биде нов селектор е 4,50.
Трет фаворит според букмејкерите е актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, чиј коефициент е 7,50, иако повеќе е наклонет да работи во клуб отколку на селекторската позиција, а потоа следат Антонио Конте, Маурицио Сари и Андреа Пирло со коефициент. од 9.00 .
Актуелниот менаџер на Тотенхем Конте веќе ја водеше Италија од 2014 до 2016 година, а со „аѕурите“ стигна до четвртфиналето на ЕУРО во Франција.Маурицио Сари моментално е на клупата на Лацио , во кариерата ги водеше и Наполи, Челзи и Јувентус, со Челзи ја освои Европската лига, а со Јувентус титулата шампион на Италија. По одличната играчка кариера, Пирло штотуку почна да тренира со многу неуспешна епизода во Јувентус минатата сезона.