Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон, иако има 44 години, се уште не размислува за пензија. Тој потпиша договор со Парма до летото 2024 година.
Претседателот на Парма, Кајл Краузе потврди дека Џанлуиџи Буфон ја продолжил верноста кон клубот до летото 2024 година, што значи дека 44-годишниот Буфон ќе брани на 46 години.
Буфон летово од Јувентус пристигна во Парма со потпишување на двегодишен договор, а досега го продолжи на уште една сезона.
Оваа сезона Буфон забележа 23 настапи во Серија Б и ја чуваше мрежата чиста на осум натпревари. Претежно имаше многу добри настапи, се чувствува добро и реши да ја продолжи кариерата.
Парма моментално е на 13. место во поредокот, а позициите кои водат во плеј-офот и бегаат со девет бода.