Шампионите на Европа и Јужна Америка, Италија и Аргентина во среда ќе се пресметаат меѓусебе на „Вембли“ во Лондон во натпревар наречен „Финалисима“.
УЕФА и Конмебол го открија и трофејот за победничката репрезентација. Се работи за вистинско ремек дело, кое ги воодушеви фудбалските фанови.
Овој натпревар помеѓу шампионите на Европа и Јужна Америка досега во историјата се одиграл два пати, а победници биле Франција во 1985 и Аргентина во 1993 година.