Манчестер сити го здроби фенерџијата Саутемптон на гостувањето со 4-1 и прави притисок врз лидерот Арсенал пред утрешното гостување на „топчиите“ на Енфилд роуд“ кај Ливерпул, а гол-машината норвежанецот Ерлинг Халанд со два гола стигна до 30 гола сезонава во Премиерлигата.
Скоро цело полувреме Саутемптон му парираше на фаворитот, кој дури во последната минута успеа да го скрши отпорот и со гол на Халанд да поведе во мечот. Тимот на Сити комплетно го скрши противникот во првата половина од вториот дел. Џек Грилиш во 58-та ја дуплираше предноста, а десет минути потоа Халанд даде втор гол за убедливо водство и веќе сигурна победа.
До крајот Мара погоди за Саутемптон за почесен гол, а Хулијан Алварез од пенал две минути потоа, откако влезе во игра на место на Халанд во 69-та, стави печат на победата.
Сити со 21-от триумф сезонава дојде до 67 бода, и е на минус пет бода од Арсенал при ист број на одиграни мечеви, по 29, но „топчиите“ утре го играт својот дуел. Саутемптон остана последен со 23, сега четири помалку од првиот во сигурната зона Евертон кој има 27.