Хрватскиот првак Динамо Загреб, чиј член е македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, за противник во осминафиналето од Конференциската лига го доби тимот на ПАОК. Вака одлучи денешниот ждреб во Нион.
Турскиот Фенербахче ќе се сретне со белгискиот Унион Сен Жил, а дербито на оваа рунда дефинитивно е пресметката меѓу Ајакс и Астон Вила. Англискиот премиерлигаш важи за еден од фаворитите за освојување на трофејот во КЛ.
Oсминафиналните натпревари се закажани за 7. и 14. март, а големото финале ќе се одигра во Атина.
ДВОЈКИ КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, ОСМИНАФИНАЛЕ
ПАОК – ДИНАМО ЗАГРЕБ
СЕРВЕТ – ПЛЗЕН
АЈАКС – АСТОН ВИЛА
МОЛДЕ – КЛУБ БРИЖ
УНИОН СЕН ЖИЛ – ФЕНЕРБАХЧЕ
ШТУРМ – ЛИЛ
МАКАБИ ХАИФА – ФИОРЕНТИНА
ОЛИМПИЈАКОС – МАКАБИ ТЕЛ АВИВ