Кристал Палас го победи Арсенал со 3-0 во 31. коло од англиската Премиер лига. Головите ги постигнаа Жан-Филип Матета (16′), Џордан Ају (24′) и Вилфрид Заха (74′). Одлична партија одигра и дефанзивецот на Палас, Јоаким Андерсен, кој забележа две асистенции на овој натпревар.

Ова е втор пораз на Арсенал во последните три натпревари. Пред две кола загубија од Ливерпул.

„Топчиите“ се на петтото место во Премиер лигата со 54 бодови, зад Тотенхем на четвртото место со исто толку бодови. Со оваа победа Кристал Палас се искачи на деветтото место.

Standings provided by SofaScore LiveScore