Лионел Меси ја исполни и последната своја желба во фудбалот, да го освои мундијалскиот трофеј. Аргентина ја победи Франција на пенали во неверојатното финале на СП во Катар, а Лео Меси беше стрелец на два гола во финалната пресметка.
Иако имаше најави дека можеби тоа ќе биде и последен меч за Меси во дресот на Аргентина, тој еуфорично изјави дека ќе продолжи да игра за националниот тим.
„Не, нема да се пензионирам. Ќе го носам дресот на Аргентина како светски шампион. Тоа го посакував уште како дете и сега сонот ми се исполни“, изјави Лионел Меси.