Невидена еуфорија попладнево владее во Хрватска, а пред се во Загреб каде на плоштадот „Бан Јелачиќ“ е во тек пречекот на фудбалските репрезентативци кои во татковината ја донесоа бронзата од Светското фудбалско првенство во Катар.
Илјадници луѓе се на улиците и ги поздравуваат фудбалерите кои на отворен автобус од аеродромот дојдоа до центарот на Загреб. Во текот на целиот пат ги поздравуваа пресреќните граѓани.