Денвер Нагетс остана во игра и намали на 3-1 во серијата од првото коло во НБА плеј-офот против Голден Стејт Вориорс.

Веќе од првата минута на мечот настана гужва на теренот. Дрејмонд Грин по кој знае кој пат во кариерата реагираше неспортски и со прстот го повреди окото на Никола Јокиќ, најдобриот играч на домашната екипа.

По кратниот прекин српскиот центар ја напушти играта, но успеа да се врати и да помогне да се запише посакуваната победа.