Брајтон постигна по еден гол во двете полувремиња и така ја продолжи агонијата на гигантот од Холандија. Најпрво во листата на стрелци се запиша Ансу Фати во 15. минута, а конечниот резултат го постави Адингра во 53. минута.

Премиерлигашот е прв во групата Б со седум бодови, по што следи Марсеј со пет, АЕК има четири, а два има Ајакс.

Ливерпул доживеа пораз на гостувањето во Франција кај Тулуз. Домаќините постигнаа гол за водство преку Донум во 36. минута од натпреварот, а потоа Далинга зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел.

Англискиот тим намали со автоголот на Касерес и ги врати надежите да избегне пораз, меѓутоа Магри ја запечати судбината на гигантот од „Енфилд“ во 76. минута (3-1). Сепак, гостите преку Диого Жота ги поставија конечните 2-3.

Ливерпул е први со девет бодови во групата Е, по што следи Тулуз со седум, Ројал Унион има четири, а ЛАСК има три бода.Славија Прага ја надигра Рома пред својата публика и славеше со 2-0 со што го обезбеди своето место во нокаут-фазата. Головите ги постигнаа Јурецка и Масопуст во вториот дел од натпреварот.

Рома и Славија Прага се на делба на првата позиција во групата Г со по девет бодови, Сервет има четири, а Шериф е последен со еден бод.

Останати резултати:

ЛАСК – Ројал Унион 3-0
Макаби Хаифа – Вилјареал 1-2
Карабах – Баер Леверкузен 0-1
Рен – Панатинаикос 3-1