Евертон загуби со 2-3 од Брентфорд во рамки на 37.коло во Премиерлигата и направи голем кикс во борбата за опстанок.
Доминик Калверт Луин погоди за „карамелите“ во 10.минута за 1-0. Само осум минути подоцна Џарад Брајтвајт заработи директен црвен картон кај Евертон. За работите да станат уште полоши Шејмус Колмен си постигна автогол во 37.минута за 1-1. Евертон се врати во водство во судиското продолжение со голот на Ричарлисон од пенал.
Сепак гостите го свртеа резултатот во своја корист за само две минути односно од 62-та до 64-тата минута преку Јоан Виса и Рико Хенри. Евертон во финишот остана со уште еден играч помалку откако Саломон Рондон заработи директен црвен картон во 88.минута само неколку минути откако влезе во игра.
Евертон и натаму е во опасност да испадне од Премиерлигата и денеска пропушти со победа да направи голем чекор кон опстанокот. Останува на 16.место со 36 бодови, еден повеќе од Лидс и два повеќе од Барнли, кој е во опасната зона.