Шпанската АЦБ лига од следната сезона воведува ново правило, според кое на играчот му е дозволено да изведе аут без судијата да му даде сигнал за тоа.
Ова е сосема ново правило кое не постои во кошарката на ФИБА, ниту во Евролигата или НБА, но од сезоната 2022/23 во шпанската АЦБ лига на кошаркар ќе му биде дозволено веднаш да изведе аут на својата половина.

Никола Јокиќ многупати им се пожали на судиите во НБА дека мора да ги чека за да изведе аут од под кошот, бидејќи сака да ја забрза играта и веднаш да најде соиграч од другата страна на теренот.

Доколку следната сезона играше во АЦБ, сигурно ќе беше еден од најсреќните затоа што челниците на најдобрата домашна клупска лига во Европа решија да им дозволат на играчите да изведуваат веднаш по кош или изгубена топка на противникот.

Тоа дополнително ќе ја забрза играта и ќе го зголеми бројот на кошеви на натпреварите. Пример веќе видовме на пријателскиот натпревар помеѓу Манреса и Хувентуд.

https://twitter.com/Marc__Castillo/status/1572476723488509954?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1572476723488509954%7Ctwgr%5Ef7505d09fdb7a6d9ae6d12502f5e530244deb0c5%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fkosarka%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D09dd%3D21nav_id%3D2216906

Како ви се допаѓа новото правило?