Водечкиот Феникс Санс стана првиот тим во сезоната кој стигна до 50 победи, лесно славеше против Портланд, иако на теренот ги немаше Крис Пол и Девин Букер, кои го пропуштија мечот поради корона. Кам Џонсон со 20 поени и Итон со 18 беа најефикасни против слабиот Портланд.

Џејмс Харден дебитираше во Филаделфија, домашните навивачи го пречекаа како херој, тој им возврати со 26 поени, 9 скока и 9 асистенции. Ембид додаде 27 поени, 12 скока, Сиксерси ги совладаа Никс. Ноќта помина во знакот на „Брадата“ со кој Филаделфија ги доби сите три меча откако го носи нивниот дрес и јасно е дека сега сонуваат за напад на Истокот, а потоа и за големото финале.

Милвоки го сврте дербито, Џеј Ар Холидеј ја запечати судбината на Мајами на две секунди до крајот. Јанис Антетокумпо постигна 28 поени, имаше 17 скока и 5 асистенции, а шампионот повторно како против Бостон бркаше и стигна до пресврт. Многу важна победа за Бакс, пред гостувањето во Чикаго, лидерот во дивизијата, а потоа патување во Аризона за да ги одмери силите со најдобриот тим во лигата. На Мајами не му помогнаа ниту 21 тројка, му дозволија на ривалот серија од 21:6 во финишот, беа на +3 на дваесетина секунди до крајот и практично за минута ја испуштија победата во дербито.

Јута се мачеше против Рокетс во Тексас, Донован Мичел броеше до 37, Мајк Конли даде девет поени во продолжението, па фаворитот некако ја однесе победата. Јута се комплетираше и се стабилизира, ова е нивна деветта победа во десет натпревари.

Пеликанс ги победија кралевите со 30 поени разлика, со 33 поени на Брендон Инграм, додека Малколм Брогдон одигра страшен натпревар на Флорида. Индијана славеше во продолжението, Брогдон имаше 31 поен, 11 скока и 8 асистенции …

Кавси на шест меча губат пет пати, не помогна враќањето на Дариус Гарланд, а победата од Охајо ја однесе Шарлот. Тери Роузи постигна 29 поени, со седум асистенции и скокови, а повратникот во НБА лигата, Ајси Томас, својот десетдневен договор го започна со 10 поени.

Во Колорадо изненадување , одличните Тандер им одржаа лекција на Јокиќ и Денвер.

Резултати:

Кливленд – Шарлот 98: 119
Орландо – Индијана 114: 122 продолжение
Филаделфија – Њујорк 123: 108
Хјустон – Јута 127: 132 продолжение
Милвоки – Мајами 120: 119
Њу Орлеанс – Сакраменто 125:95
Денвер – Оклахома 107:119
Феникс – Портланд 120:90