Со двата гола на Такуми Минамино (27. и 39. минута) фудбалерите на Ливерпул обезбедија пласман во четврфиналето на ФА Купот во Англија. Со практично втор тим, Јирген Клоп се појави на денешниот дуел со Норич и на крајот на „Енфилд“ успеа да оствари минимална победа од 2:1, доволна за место меѓу осумте четврфиналисти.
Гостите одиграа солидна партија и добро му парираа на фаворитот во текот на сите 90 минути. Добрата игра беше наградена со еден убав погодок на Руп за 2:1 во 76. минута. До крајот на мечот и двата тима имаа уште по една добра шанса за гол, но мрежите останаа мирни.
Претходно пласман во четврфиналето обезбеди и Саутемптон кој пред своите навивачи со 3:1 беше подобар од Вест Хем.