Јувентус и Парма одиграа нерешено 2-2 (1-2) во натпревар од десеттото коло на Серија А.

На двапати гостинската екипа во Торино имаше предност, а на крајот се спаси и извлече бод против апсолутниот фаворит на дуелот.

По само три минути игра Дел Прато донесе предност за Парма. Јувентус тргна по израмнување а во 31-та мин. Вестон Мекени погоди за 1-1. Во финишот на полувремето Симон Сохм повторно ги донесе гостите во предност.

Јувентус продолжи со офанзива и преку Тимоти Веа рано на стартот на вториот дел израмни. Потоа цело полувреме „старата дама“ вршеше притисок, а во финишот Дел Прато спасуваше и од гол линија. Вреди да се напомене и огромното промашување на Душан Влаховиќ во првиот дел.

Во ова коло победа извојува и Аталанта против Монца (2-0). Долго време гостите во Бергамо одолеваа на нападите, а потоа Лазар Самарџиќ и Давиде Запакоста донесоа триумф за Аталанта.

Можеби ќе ве интересира