Според сите најави, Норвежанецот конечната одлука за продолжување на кариерата треба да ја донесе пред крајот на сезоната, најверојатно веќе во април, а во пол-позиција за неговиот потпис е Реал.
Во Мадрид веруваат дека Халанд и Мбапе би можеле заедно да пристигнат на „Бернабеу“, што веројатно би бил најсилниот тандем во следната деценија.
Реал Мадрид нема да има проблем да плати се што е потребно за Халанд, а тоа се 75 милиони евра обештетување на Борусија Дортмунд и уште 40 милиони евра бонуси за Мино Раиола и за Алфи Халанд.
Флорентино Перез фантазира за квартет галактикоси, Бензема, Винисиус, Халанд, Мбапе. Карим Бензема би бил „ментор“ на Халанд само една сезона, би ја делеле минутажата, а од 2023 година Норвежанецот би станал напаѓач број еден кај „кралевите“.
Барселона се обидува да го разубеди Халанд, Хоан Лапорта е во одлични односи со Раиола и ќе му ги понуди истите услови како Реал, но наводно Норвежанецот веќе донел одлука и тоа само поради спортски причини.