Фудбалската репрезентација на Иран е третиот полуфиналист на Азискиот Куп, откако триумфираше над селекцијата на Јапонија со 2-1 (1-1). „Самураите“ можат да жалат, затоа што имаа активен резултат, но примија гол во 96. минута и го завршуваат настапот на континенталниот собир.
Иран доби пенал во судиското надополнување, а прецизен реализатор беше Алиреза Џаканбаш. Јапонците направија неколку колосални грешки, а тоа ги чинеше пласман меѓу четирите најдобри на турнирот, а се вбројуваа меѓу главните фаворити за трофејот.
Морита ја доведе Јапонија во водство од 0-1 во 28. минута, но Иранците изедначија преку Мохамед Мојеби по десет минути игра во вториот дел. Конечните 2-1 донесоа огромна радост за иранските навивачи, додека Јапонија својата шанса за подобар пласман ќе мора да ја чека до следниот Азиски Куп.