Поранешниот македонски фудбалер и репрезентативец Дарко Панчев е скршен од болка по тажните вести од Италија дека Синиша Михајловиќ починал откако ја загуби битката со леукемијата.
Панчев кој ја делеше соблекувалната со Михајловиќ во Црвена Звезда немаше сила да зборува и даде кратка изјава за медиумите.
„Немој да се лутите, никогаш не бегав од разговор. Не знам, не можам. Ме погоди многу оваа вест, ова е катастрофа. Што да ви кажам? Едноставно немам сила да зборувам, жал ми е што нè напушти“, вели Панчев.
Михајловиќ имаше леукемија од 2019 година, а двапати успеа да ја победи, но болеста повторно се врати.