Конечниот резултат не ја отсликува доволно доминацијата на актуелниот хрватски шампион бидејќи само во првото полувреме Динамо можеше да води со 4-0. Покрај головите на Куленовиќ и Пјаца, Динамо имаше уште две изгледни шанси и тоа преку Куленовиќ и Петковиќ, но во првиот случај интервенираше Гачевски, а во вториот, напаѓачот на Динамо се лизна и не упати удар иако беше сам пред голманот на Вардар.
Во второто полувреме темпото значително опадна што му овозможи на македонскиот тим да го одржи резултатот, но Динамо секако ја имаше контролата над играта. Конечниот резултат го постави Раул Торенте кој остана осамен на втората статива по нафрлувањето од корнер на Рог.
Следен противник на Вардар на подготовките е поранешниот премиерлигаш Свонси, а натпреварот се игра на 27 јули.
https://twitter.com/i/status/1815807894337532239