Младиот талентиран фудбалер на Барселона Фермин Лопес во неделата го имаше своето деби за првиот тим, а денес стави потпис на нов договор.
Фермин Лопес го продолжи договорот до јуни 2027 година, а од клубот соопштија дека во него ќе има откупна клаузула од 400 милиони евра.
Лопес во Барселона пристигна во 2016 година од Бетис. Минатата сезона ја мина како позајмен во Линарес, постигна 12 гола на 37 натпревари.
Тој дебитираше на натпреварот со Виљареал во неделата, а раководството и тренерот веруваат дека ќе биде дел од иднината на тимот.