Португалскиот гигант Бенфика го приреди најголемото изненадување во натпреварите од второто коло на ЛШ, откако на „Да Луж“ го декласира Атлетико Мадрид со 4-0 (1-0). Иако фудбалерите на Диего Симеоне дојдоа во Португалија со цел да победат, доживеја голем шок и претрпеа тежок пораз.
Со голот на Керем Актуркоглу Бенфика дојде до водство по 13. минути игра. До полувремето Атлетико имаше можност да израмни, Самуел Лино ја погоди пречката, а на спротивната страна и Павлидис ја погоди рамката од голот. На стартот на вториот дел Анхел ди Марија ја удвои предноста од пенал (2-0). Во финишот Александер Бах и Оркун Кокчу го докусурија гостинот од Мадрид и ја наполнија мреѓата на Облак.