Атлетико Мадрид извојува многу важна победа над Атлетик Билбао со 3-1 во натпревар од од шпанскиот фудбалски шампионат.

Ова за домаќините е огромен триумф и тоа над директниот ривал за последното место кое води во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2023/2024. Билбао беше нерешлива енигма за избраниците на Симеоне во актуелнава сезона, загубија на „Сан Мамеш“ со 2-0, потоа двапати беа совладани во полуфиналето на Купот со 1-0 и 3-0, но сега покажаа друго лице и дојдоа до победа за голема радост на „Ванда Метрополитано“.
Де Пол, Кореа и Симон (автогол) беа автори на головите за домаќините, додека Нико Вилијамс беше стрелец за Билбао.

 

Атлетико на пет кола до крајот има шест бода повеќе од големиот ривал.