Ракометарите на Вардар 1961, и покрај победата во двомечот со , нема да имаат можност да играат на завршниот турнир во СЕХА лигата. Во редовите на македонскиот гигант има позитивни случаи на коронавирус. Тоа е проблем за хрватските власти, кои не дозволија патување на „црвено-црните“ во Задар. Иако повеќе ракометари и членови на стручниот штаб се вакцинирани, сепак на редовните ковид-проверки на влез и излез од Хрватска, регистрирани се позитивни случаи.
Раководството на Сеха лигата одлучи местото на Вардар да го заземе Загреб, што само по себе е чудна одлука бидејќи ракометарите на Загреб исто така беа во контакт со позитивните играчи на Вардар. Вардарци побарале да играат ковид-негативните, но хрватските власти инсистирале на враќање во Македонија, бидејќи во спротивно неизбежен бил карантин. СЕХА лигата се очекува наскоро да даде конечна потврда во пресрет на завршницата од ланската сезона.