Ракометната репрезентација на Македонија дојде до голема победа над Швајцарија (29-27) на крајот на Европското првенство (ЕП) и ќе биде носител во мундијалскиот бараж, а до полниот плен стигнавме по голема драма.

Македонија водеше со плус пет голови разлика во првиот дел, но во финишот на натпреварот дојде во ситуација дури и за несигурно реми. Во последниот напад при гол предност за Македонија, селекторот Лазаров повика тајм-аут. Јасно го „нацрта“ патот кон победата – да се создаде простор за Марко Митев.

Бекот на Алкалоид ја реши акцијата која течеше перфектно, па така Македонија дојде до важна победа за иднината.

 

https://rumble.com/v47dpbb-togollazgolmkdswi.html