Богатата Саудиска Арабија почнува да гради ново светско чудо- стадион на врв на карпа висока 200 метри над главниот град Ријад.
Пред 11 месеци | Фудбал
Богатата Саудиска Арабија почнува да гради ново светско чудо- стадион на врв на карпа висока 200 метри над главниот град Ријад.
Стадионот ќе биде изграден за потребите на Светското првенство во 2034 година, кое треба да се одржи во оваа блискоисточна земја. Ќе има капацитет од 45.000 седишта и ќе го носи името на принцот Мохамед бин Салман.
Денес беше претставен концептот на овој стадион. Инвестициската компанија „Киддија“, која е задолжена за изградба на стадионот, нагласува дека зградата ќе има покрив и терен што ќе се повлекува и извлекува по потреба, како и стотици метри ЛЕД ѕид.
ЛЕД ѕидот е дизајниран да отвори поглед на градот долу.
Инвестициската компанија Qiddiya (QIC) е во целосна сопственост на Саудиска Арабија, односно Фондот за јавни инвестиции управуван од самиот Бин Салман. Истиот фонд е сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл.