Лионел Меси и Килијан Мбапе меѓусебно си асистираа, па Пари Сен Жермен без преголема мака го победи Ајачио на гостувањето во 12-то коло во Лига 1 и „светците“ веќе дојдоа до десеттиот сезонски триумф после победата со 3-0

Мбапе даде два гола и еднаш му асистираше на Меси, а Аргентинецот запиша две асистенции со еден гол за победата после која ПСЖ има 32 бода (само две ремија досега) и убедливо чекори кон одбрана на шампионската титула, што е и очекувано со оглед на супериорноста на ѕвездениот тим во француската елита.

Мбапе во 24-та минута ја најави победата, а за четири минути беше заверена во последните 12 минути, кога прво Меси, па Мбапе од 78-та до 82-та дадоа уште два гола. Мбапе во Ла Лига веќе стигна до 10 гола со две асистенции, а Меси има шест гола со осум асистенции.

За Ајачио ова беше осми пораз сезонава и остана на 8 бода трет одзади на табелата.