Најтрофејниот италијански клуб Јувентус рутински стигна до петтата сезонска победа во италијанската Серија А, за да Емполи вечерва го разнесе со 4-0, иако според шансите можеше и да го наполни до врв, на отворањето на 11-то коло во италијанската елита.
Дека Јувентус ќе победи најави Моис Кин после само осум минути игра по асистенција на Филип Костиќ, а потоа гостинскиот голман неколкупати спасуваше за да го одржи Емполи во мечот, но Вестон Мекени во 56-та ја осигура победата, а Адриен Рабио на осум минути пред крајот и во третата минута од судиското надополнување ја завери победата за „старата дама“ со два гола.
Патем на Кин му беше поништен уште еден гол поради офсајд, а Аркадиуш Милик имаше уште неколку шанси кои не ги реализираше и немаше среќа да се запише во ллистата на стрелци.