Синоќа Атлетик Билбао и Барселона одиграа 1:1. Квалитетен меч на “Сан Мамеш“ по кој домашните фудбалери може да жалат што не победија зошто не само што водеа, туку имаа барем 3-4 чисти шанси за втор гол. Барса изедначи, а во финишот можеше и до пресврт, и конечна победа.
Домашните поведоа со голот на Иниго Мартинез во 50.минута, и тоа по убавиот шут со глава кога најдобро се снајде пред голот на Барселона. Кога се чинеше дека гостите ќе го загубат натпреварот, Мемфис Депај со еврогол, по асистенцијата на Серџи Роберто, го израмни резултатот во 75. минута.