Фудбалер од Костарика го загуби животот откако бил нападнат од крокодил. Хесус Алберто Лопез, фудбалер на Депортиво Рио Кањас, настрадал додека пливал во река и бил нападнат од крокодил.

На интернет се појави видео-снимка на која животното го влече телото на фудбалерот.

Полицијата морала да го застрела крокодилот за да го извлече телото на Хесус Алберто Лопез.